ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Д.П.П. "Диме" ДОО - Скопје денес претставува млинско-пекарска индустрија, која на своите ценети потрошувачи им нуди широка лепеза на производи. Пекарницата произведува разни видови на стандардни и специјални видови на леб, бели печива, масни печива и печива од лиснато тесто. Во склоп на пекарницата функционира погон за слаткарство, во кој врвните мајстори произведуваат разни видови на слатки, торти, коктел ситни колачи и други слаткарски производи. Во мелницата секојдневно се произведуваат разни видови на пченични брашна, наменски брашна, интегрални брашна, 'ржани брашна и слично. Исто така компанијата произведува и повеќе видови на премикси и адитиви за пекарство.

Д.П.П. "Диме" работи по високи европски стандарди што го потврдуваат меѓународно признати сертификати за имплементирање и одржување на системот за управување со квалитет. Во јули 2009 година компанијата го воспостави HACCP системот и системот за управување ISO 9001:2008 кој е сертифициран од меѓународно сертификационо тело SIQ од Словенија која е членка на IQNET од Шведска. Паралелно во тој временски период компанијата доби "Б" интегрирана еколошка дозвола за заштита на животната средина, во склоп со барањата на меѓународната заедница, особено после завршената гасификација на објектот.